Страшна несреќа на патот Гостивар-Тетово: Загина жена, шестмина повредени
02/06/2025 14:25
Загина 32-годишна жена од Боговиње – Меѓу повредените и две малолетни деца, истрагата во тек
Тешка сообраќајна несреќа со трагичен исход се случи вчера попладне околу 15:30 часот на магистралниот пат Гостивар-Тетово, кај клучката за селото Камењане. Според информациите од СВР Тетово, патничко возило „Голф“ со тетовски регистарски таблици, управувано од 22-годишниот Ј.С. од село Пирок, излетало од коловозот.
Во несреќата животот го загубила 32-годишната сопатничка Ѓ.А. од село Боговиње, чија смрт била констатирана на самото место од страна на Итната медицинска помош. Возачот и петмина сопатници се повредени и итно пренесени во Ургентниот центар во Тетово.
Две лица тешко повредени, меѓу нив и 10-годишно дете
Најтешко повредени се В.Р. (28) од Боговиње и А.М. (10) од село Палатица, кои се здобиле со тешки телесни повреди. Полесни повреди имаат Ј.О. (21) од Пирок, А.М. (6) од Боговиње и А.Р. (15) од Долно Палчиште.
На местото на несреќата увид извршиле екипа на СВР Тетово и јавен обвинител од ОЈО-Тетово. Засега не се познати точните причини за несреќата, а истрагата е во тек.
Надлежните апелираат за внимателно возење и почитување на сообраќајните правила, особено на фреквентните магистрални патишта во Полошкиот регион.




![МВР: Крвава престрелка во Тетово – едно лице убиено, четворица повредени, меѓу нив и малолетничка policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)
