УХМР за утре прогнозира дека температурата ќе се крене до 38 степени
07/06/2025 13:11
УХМР за утре прогнозира многу топло време.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 Целзиусови степени, а во текот на денот од 26 до 38 степени.
Од понеделник ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени.
Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.




