Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба
13/06/2025 8:27
Израел утрово соопшти дека извршил напад врз Иран, додека иранските медиуми јавуваат за експлозии во Техеран. Нападот доаѓа во време на зголемени тензии, додека САД се обидуваат да го убедат Иран да ја запре својата нуклеарна програма.
Израел прогласи вонредна состојба, очекувајќи можни ирански ракетни и беспилотни напади.
Според израелски воен претставник, извршени се напади врз „десетици“ воени и нуклеарни цели. Министерот за одбрана Јоав Кац изјави дека по израелскиот превентивен напад, се очекува одговор од Иран насочен кон цивилното население во Израел.
Двајца американски функционери, кои сакаа да останат анонимни, потврдија дека Израел ја започнал операцијата самостојно, без учество на САД.
Си-Ен-Ен јавува дека американскиот претседател Доналд Трамп свикал итен состанок на својот кабинет.






