Иран: Гроси ја загрози неутралноста и кредибилитетот на МААЕ
21/06/2025 17:44
Иран поднесе формална претставка до Советот за безбедност на ОН, во која го обвини директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, за пристрасно однесување и за неисполнување на неговите професионални обврски во однос на иранската нуклеарна програма. Амбасадорот на Иран во ОН, Амир-Саид Иравани, во писмо до генералниот секретар Антонио Гутереш и до Советот, изрази сериозна загриженост поради, како што тврди, молкот на Гроси во врска со израелските закани кон иранските нуклеарни објекти.
Според Иравани, шефот на МААЕ не само што не презел соодветни мерки за заштита на објектите под надзор на агенцијата, туку и не ја осудил израелската агресија. Тој смета дека Гроси со своите јавни изјави пред последниот израелски напад го нарушил принципот на непристрасност што е основа на неговата функција. Исто така, амбасадорот го обвинува Гроси дека намерно премолчел за отворените израелски закани кон иранската нуклеарна инфраструктура.






