MKinformer

your daily dose of news

Доналд Трамп номиниран за Нобелова награда за мир

24/06/2025 18:40

Неколку републиканци во Конгресот на САД повторно ја отворија темата за доделување на Нобелова награда за мир на Доналд Трамп, тврдејќи дека тој одиграл значајна улога во посредувањето за прекин на огнот меѓу Израел и Иран, објави NBC News.

Конгресменот од Џорџија, Бади Картер, соопшти преку X дека официјално го предложил Трамп за наградата, истакнувајќи дека сака да му се оддаде признание за, како што рече, историскиот придонес во запирањето на конфликтот и во спречување на Иран – кој го нарече најголем поддржувач на тероризмот – да се здобие со нуклеарно оружје.

Слично мислење изрази и сенаторката Кејти Бојд Брит од Алабама, која оцени дека Трамп ја заслужува наградата поради миротворните договори што ги постигнал на Блискиот Исток и во други делови од светот.

One thought on “Доналд Трамп номиниран за Нобелова награда за мир

Comments are closed.

error: Содржината е заштитена од копирање !!