(Видео)СКАНДАЛ ВО КОНГРЕСОТ НА САД, КОНГРЕСМЕН ИСФРЛЕН ОТКАКО ГО ПРЕКИНА ГОВОРОТ НА ТРАМП СО БАСТУН
05/03/2025 10:28
Обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Конгресот беше обележано со инцидент што резултираше со отстранување на еден конгресмен од салата. Станува збор за демократот Ал Грин.
На самиот почеток на обраќањето, конгресменот од редовите на демократите, Ал Грин бесно дофрлуваше кон Трамп поради Медикејд, мавтајќи со стапот кон претседателот, викајќи и прекинувајќи го веднаш откако Трамп го започна говорот.
„Немате мандат да ја намалите здравствената заштита“, рече Грин. Не беше единствениот што „напаѓаше“. Група од повеќе од 30 демократи држеа транспаренти со натписи „лажно“ и „Маск краде“.
На тоа претседавачот прво го опомена конгресменот и образложи дека ќе биде отстранет доколку не се повлече и престане, на што конгресменот Грин одби, па претседавачот реагираше повикувајќи обезбедување за да биде отстранет од салата.
Трамп, барем во првите моменти, се обиде да го совлада Грин и не го прекина говорот, додека демократот постојано удираше.
Одлуката за отстранување на конгресменот Грин, републиканците ја поздравија со станување и аплауз.






![ТРАМП СО ЗАКАНА ДО МАСК: Ако ги поддржи демократите ќе има последици tramp[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/08/tramp1.jpg)