РЕКОРДНА ПОТРОШУВАЧКА НА ВОДА ВО СКОПЈЕ ЗА ЕДЕН ДЕН
03/07/2025 9:02
Поради екстремно високите температури, скопјани значително ја зголемија дневната потрошувачка на вода. Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ соопшти дека најголемото оптоварување се бележи во попладневните часови.
Според официјалните податоци, на 23 јули е регистрирана рекордна потрошувачка од 356.000 кубни метри вода за еден ден, што одговара на околу 700 литри по жител.
Од претпријатието апелираат до граѓаните да бидат совесни и да ја користат водата рационално. Особено се препорачува да се избегнува непотребна употреба на вода за:
Полевање на тревници, бавчи и ниви,
Перење автомобили,
Полнење базени.
Дополнително, „Водовод“ ги охрабрува граѓаните да пријават евентуални нелегални приклучоци на водоводната мрежа на телефонскиот број 02/3073-010.





