MKinformer

your daily dose of news

ЈАКИМОВСКИ: Наместо данок за неженети да воведеме даноци за купени дипломи, партиски вработувања и фалсифиукувани сертификати

05/07/2025 11:25

Лидерот на ГРОМ и градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски остро реагираше и ја критикуваше изјавата на премиерот Мицкоски за воведување данок за немажени и неженети лица. Тој се обрати на социјалните мрежи и го но напише следното.

Од патриотизам до апсурд – новата идеја: ДАНОК НА НЕЖЕНЕТИ!
Бројот на ученици е намален за 17.000. Аларм за секоја нормална држава. Но, за патриотската влада – инспирација!
И Балтазар премиерот мислел, мислел, мислел… и смислил: не решение за младите, туку ДАНОК НА НЕЖЕНЕТИ!
Да, баш така. Не е скеч, не е пародија. Ова е реалност!
А да воведеме:
▪️ Данок на изгубени премиери?
▪️ Данок на купени дипломи?
▪️ Данок на партиски вработувања без грам знаење?
▪️ Данок на фалсификувани сертификати?
Очигледно Балтазар се инспирирал од Отоманската империја, каде имало даноци за сè – па и за неженети и вдовици.
Па што фали? Да воведеме уште некој данок. Да не остане млад човек во државава!
Оти тие што се во партија, и да не сакаат – ќе ги оженат. Ќе ги вработат. Ќе им дадат диплома. Ќе им го наплатат животот од ќош.
Продолжи вака, премиере! Даночната инспирација ти оди подобро од демографската стратегија! 👏

error: Содржината е заштитена од копирање !!