Најдени се докази – пожарот кај Смилковско е подметнат, соопшти градоначалникот на Гази Баба
10/07/2025 9:16
По синоќешниот голем пожар кај Смилковско Езеро, градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски тврди дека е подметнат и дека се најдени докази.
– Остатоци од изгорена гума и ракавици се пронајдени на Смилковско Езеро. Жално е ако некој мисли дека на овој начин ќе добие политички поени, порача Стефковски и објави фотографии од доказите.
Доцна синоќа Стефковски објави дека на повеќе локации е подметнат пожар на Смилковско езеро. Сообраќајот од обиколницата беше во прекин!
Екипите со кризниот штаб излегоа на терен!






