ТРАМП ВОВЕДУВА ЦАРИНИ ОД 50% ЗА БРАЗИЛ ЗАТОА ШТО БЕА ДОМИКИНИ НА БРИКС
10/07/2025 8:50
Американскиот претседател Доналд Трамп објави нова царина од 50% за увозот на производи од Бразил, што, според „Гардијан“, предизвикува загриженост дека неговата трговска политика може дополнително да ја поттикне инфлацијата во САД.
Трамп ја поврза оваа мерка со, како што го нарече, „ловот на вештерки“ против поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Изјавата ја даде преку својата социјална мрежа Truth Social, каде претходно најави и воведување на слични трговски бариери за уште седум држави – Филипините, Брунеи, Молдавија, Алжир, Либија, Ирак и Шри Ланка – почнувајќи од 1 август.
Според Трамп, царината за Бразил ќе биде независна од постојните секторски трговски ограничувања. Веста за новите мерки веднаш влијаеше врз валутниот пазар – бразилскиот реал дополнително загуби вредност, паѓајќи за повеќе од 2% во однос на американскиот долар.






