MKinformer

your daily dose of news

Хрватска го враќа воениот рок, 1100 евра месечно, службата ќе биде пресметана во работен стаж

10/07/2025 16:21

Хрватската влада усвои предлог-измени на Законот за одбрана и Законот за служба во вооружените сили, со кои повторно се воведува задолжително основно воено оспособување – т.н. воен рок, што треба да започне во јануари 2026 година.

Премиерот Андреј Пленковиќ изјави дека одлуката е поттикната од променетите глобални безбедносни околности и има за цел да ги подготви младите генерации за одбрана и служба, особено по повеќе од 15 години суспензија на задолжителниот воен рок (од 2008 година).

Новиот модел на воено оспособување предвидуваат да трае два месеци, а локација за обуката ќе бидат касарните во Книн, Слуњ и Пожега. Цел на воената обука ќе бидат лица на возраст од 19 до 30 години, а од 18 години ќе се запишуваат во воената евиденција.

Со овој план хрватите планираат да опфатат по 4000 лица годиошно или 800 лица од генерација, а за воениот рок и обука планиран е и паричен надомест од 1100 евра месечно плус хранарина, сместување и превоз.

Воениот рок и обука ќе бидат пресметани во работниот стаж на секое лице, вработените се заштитени од отказ, а невработените ќе добијат предност при вработување во јавната администрација

За лицата што ќе се повикаат на приговор на совеста, обуката ќе се спроведува во цивилна форма, преку:

МВР – Сектор за цивилна заштита (3 месеци непрекинато)

Локални единици (4 месеци, 5 работни дена по 8 часа)

Цивилните регрути ќе добиваат:

Надомест: до 250 евра месечно (во цивилна заштита)

Други бенефиции: здравствено осигурување, облека, храна и заштита при повреди

Обуката може да се одложи до 29 години во случаи на студирање, спортски активности на меѓународно ниво и други специфични околности. Предвидени се и јасни критериуми за ослободување или неповикување, како и одбивање на барања за цивилна служба. Се зголемува старосната граница за служба.

Министерството за одбрана ќе субвенционира камата за станбени кредити за активни воени лица под 45 години без решено станбено прашање во местото на служба.

Долгорочна стратегија и цели
Владата ја усвои и Стратегијата за одбрана и Долгорочниот план за развој на вооружените сили за периодот 2025–2036, кои предвидуваат:

зајакнување на националната одбрана, зголемени буџетски вложувања, поголема улога во НАТО и ЕУ, поддршка за цивилните институции.

„Целиме кон изградба на силни вооружени сили кои ќе придонесат за стабилност и безбедност – и дома и на меѓународен план,“ изјави министерот за одбрана Иван Анушиќ.

error: Содржината е заштитена од копирање !!