MKinformer

your daily dose of news

ДЕНЕС Е СТРОГ ПОСТ: Се празнува пренос на моштите на Светите маченици Кир и Јован

11/07/2025 9:37

Светите маченици Кир и Јован се чествуваат на 31 јануари, датум на кој е опишано нивното житие и маченичко страдање. На 28 јуни, пак, Црквата го празнува преносот на нивните мошти од Канопос во Манутин и чудата што тогаш се случиле.

Александрискиот патријарх свети Кирил усрдно се молел на Бога да се искорени идолопоклонството во Манутин, каде што имало многу пагански храмови и силно присуство на демонска сила. Според преданието, на Кирил му се јавил Ангел Божји и му открил дека местото ќе се очисти од нечестието ако таму бидат пренесени моштите на светите маченици Кир и Јован.

Патријархот веднаш постапил според небесната заповед – ги пренел моштите во Манутин и таму изградил храм посветен на овие светители.

По преносот на моштите, се случиле многубројни чуда и исцеленија. Меѓу нив: Амониј, синот на александрискиот управител Јулијан, се излекувал од шкрофули; Теодор добил вид; Исидор од Мајум бил исцелен од заболување на црниот дроб; жена по име Теодора се спасила од труење, а Евгениј бил исцелен од водена болест. Овие настани се случиле во 412 година.

error: Содржината е заштитена од копирање !!