ДРЖАВАТА ЌЕ ПОКРИВА ДО ШЕСТ ОБИДИ ЗА ИН ВИТРО ОПЛОДУВАЊЕ: Измени на Законот за Здравствено осигурување
11/07/2025 7:20
Секое семејство ќе може шест пати, со финансиска поддршка од Фондот да ја користи процедурата за ин витро оплодување, вели пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Пеце Милевски откако парламентарното мнозинство ги поддржа измените на Законот за Здравствено осигурување.
„Родителството е едно од основните човекови права, најсвета должност, највозвишен чин и најцелосно остварување. Демографијата е едно од најважните прашања за Македонија. Доаѓаат добри времиња“ вели Милевски.






