MKinformer

your daily dose of news

Вработен во „Водовод“ тешко повреден во Трубарево при работа во ров

16/05/2026 16:12

Вработен во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје се здобил со тешка телесна повреда при извршување работни задачи во Трубарево.

Според полицискиот билтен, случајот бил пријавен вчера во 13:45 часот во СВР Скопје.

Пријавата ја поднел Д.В. (53) од скопското село Раштак. Тој навел дека околу 12:45 часот, во село Трубарево, при вадење цевка од ров, вработен во јавното претпријатие бил повреден на работното место.

Повредениот бил пренесен во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што му била констатирана тешка телесна повреда.

За настанот е известен и трудов инспектор, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!