MKinformer

your daily dose of news

НЕМА ВОДА ВО БОЛНИЦАТА ВО КОЗЛЕ: Децата ќе се хоспитализираат на Детска и на Инфективна клиника

18/07/2025 14:45

Министерството за здравство информира дека поради прекин во водоснабдувањето на Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле, итно е побарана поддршка од Универзитетската клиника за детски болести и од Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.

Овие установи привремено ќе ги примаат пациентите кои имаат потреба од болничко лекување. Во меѓувреме, во Клиниката во Козле ќе се продолжи со амбулантски прегледи и третмани во дневната болница.

Од Министерството истакнуваат дека целта е да се обезбеди непрекината здравствена грижа за најмладите пациенти. Дополнително, информираат дека ситуацијата се следи внимателно, и веднаш по стабилизирање на водоснабдувањето, ќе се обнови и редовната хоспитализација во Козле.

error: Содржината е заштитена од копирање !!