MKinformer

your daily dose of news

МЛАДИНАСКА ОЛИМПИЈАДА ВО СКОПЈЕ, МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ОСТАВЕНИ ДА ГЛАДУВААТ И ДА ГОРАТ НА 40 СТЕПЕНИ

21/07/2025 15:52

Деновиве Скопје е домаќин на летниот Европски Младински Олимписки Фестивал (EYOF) од 20 до 26 јули 2025 година, заедно со Куманово и Осиек во Хрватска.  Овие три града ќе ги пречекаат спортистите, тренерите и поддржувачите за да ги прослават младите, спортот и единството низ цела Европа.

Според официјалните бројки, Скопје 2025 ќе собере над 4000 учесници и 700 волонтери , правејќи го еден од најголемите младински спортски настани во Европа.

И се е тоа супер и се надеваме дека на сите гости ќе им овозможиме незаборевен престој и спомени од нивните дистигнувања во спортските дисциплини, но Македонија не би била Македонија ако не ги запостави, извиси или заборави своите претставници на оваа ретка манифестација.

До нашата редакција пристигнаа поплаки од родителите на наши македонски деца кои се учесници на Олимпискиот Фестивал.

„Нашите деца од вчера 20ти јули се сместени во студентскиот дом „Стив Наумов“, условите се субстандардни, нема климатизација, а деновиве температурите се над 40 степени„ вели еден родител на дете кое се натпреварува на олимпијадата.

Друг родител кој побара да биде анонимен не информираше дека се упатил кон студентскиот дом „Стив Наумов“ за да си го земе детето затоа што нема храна. Оброците кои ги добиваат се како во логор, храната се носи од еден скопски ресторан, но од оброкот треба да бидете среќни ако има три залчиња во него.

„Мојата ќерка е спортист, се спрема за натпреварување и сака да оствари добри резултати на ова врно и престижно натпреваруње. Во домот каде се сместени децата гладуваат, без добра исхрана нема добри резултати. Ми се јави ќерка ми, одам да ја земам, таму не се седи. Ова е срамота за организаторот и навистина потценувачки однос кон децата кои ја претставуаат Македонија. Страшно!“ вели другиот родител кој се обрати до редакцијата на МК Информер.

Екипата на МК Информер побара официјалне став од студентскиот дом „Стив Наумов“ во Автокоманда и од организаторот, но оттаму не добивме одговор, а нашата екипа констатираше дека кампот е речиси празен.

 

Во разговор со некои од тренерите, ни одговорија дека децата кои побарале да заминат биле пуштени, а нивните родители дошле да ги земат.

 

error: Содржината е заштитена од копирање !!