MKinformer

your daily dose of news

Африм Гаши хоспитализиран поради преплет на црева

23/07/2025 10:08

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Информацијата за неговата хоспитализација ја потврди директорот на клиниката, проф. д-р Огнен Костовски. Тој изјави дека Гаши бил примен нешто по полноќ, со сериозни болки и тегоби во стомачната регија.

„Пациентот беше примен поради преплет на цревата. Состојбата внимателно се следи, а за сега не е планирана хируршка интервенција. Се третира со медикаментозна терапија и е под постојан лекарски надзор“, изјави проф. д-р Костовски.

Засега нема официјални информации за тоа колку долго ќе остане на болничко лекување и дали неговата здравствена состојба ќе влијае на неговите активности како претседател на Собранието.

error: Содржината е заштитена од копирање !!