(Видео)Полски воен авион Ф-16 се урна во Радом – загина пилотот
29/08/2025 8:00
Во Полска се случи трагедија пред планираниот аеромитинг во Радом, откако авион Ф-16 на полското воено воздухопловство се урна за време на пробен лет.
Според портпаролот на владата, Адам Шлапка, несреќата се случила околу 17:30 часот, а за жал, пилотот починал.
„Трагедија се случи во Радом. Авион Ф-16 се урна за време на подготовките за аеромитинг. За жал, пилотот загина. Вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш разговараше со премиерот и е на пат кон местото на несреќата,“ напиша Шлапка на социјалната мрежа X.
По несреќата, властите соопштија дека аеромитингот, кој требаше да се одржи за викендот, е откажан. Полските медиуми јавуваат дека авионот се урнал директно на пистата за време на подготовките.
Оваа трагедија ја потресе Полска и предизвика дополнителни прашања за безбедносните протоколи во вакви настани.
Kolejne nagranie katastrofy polskiego F16 z Radomia. pic.twitter.com/kXrnYMMCia
— Remiza.pl (@remizacompl) August 28, 2025






