MKinformer

your daily dose of news

ФАТЕН КРАДЕЦ НА ОНКОЛОГИЈА: Додека чекал терапија му украл пари од џебовите

25/07/2025 17:57

Основното јавно обвинителство Скопје поведе кривична постапка против 60-годишен маж, осомничен за тешка кражба, казнива по член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, осомничениот извршил кражба на Клиниката за радиотерапија и онкологија, при што искористил невнимание на пациент од велешко и од неговиот џеб украл 300 евра и 28.000 денари. Кражбата се случила додека пациентот чекал за терапија.

Оштетениот наскоро забележал дека му недостасуваат парите и веднаш ја пријавил кражбата во полиција. Виновникот бил идентификуван со помош на безбедносните камери поставени во болничките простории.

Обвинителството посочи дека осомничениот веќе бил осудуван и дека делото го извршил со особена дрскост, имајќи предвид чувствителноста на местото – медицинска установа каде што се лекуваат пациенти во тешка здравствена состојба.

„Имајќи го предвид неговото криминално минато и начинот на извршување на делото, јавниот обвинител предложи мерка притвор, која беше прифатена од судот,“ соопштија од Јавното обвинителство.

error: Содржината е заштитена од копирање !!