MKinformer

your daily dose of news

Заврши редовното инженерско испитување на надвозникот Влајко, иницирано од Општина Карпош

30/07/2025 16:32

Во текот на вчерашниот и денешниот ден беше спроведено редовно инженерско испитување на надвозникот Влајко, иницирано од Општина Карпош како дел од стандардна процедура поради староста на објектот (изграден во 2005 г.).
Првичните наоди не укажуваат на сериозни проблеми.
Безбедноста останува наш врвен приоритет
Испитувањата ги реализираше ТСГ Индустри Сервис ДОО – Скопје, фирма која во наредниот период ќе изготви детална анализа со предлози за идни активности за заштита и одржување на конструкцијата.
Се вели во објавата на Фејсбук на Општина Карпош
error: Содржината е заштитена од копирање !!