Нов руски напад на Киев: Најмалку шест загинати, 52 повредени, погодени биле 27 локации
31/07/2025 8:47
Руски дронови и ракети синоќа извршија масовен напад врз украинскиот главен град Киев, при што најмалку шест лица загинаа, а 52 се повредени, соопштија локалните власти. Нападите предизвикаа големи пожари и оштетија станбени згради, болница и образовен објект.
Украинските медиуми јавуваат дека паднати остатоци од беспилотни летала предизвикале пожар на гасовод, а неколку луѓе останале заробени во гаража.
Тешко погодени населби
Според украинскиот министер за внатрешни работи, Игор Клименко, најтешко погодени биле областите Свјатошински и Соломјански. „Една од ракетите директно удри во станбена зграда“, напиша Клименко на Телеграм.
Тимур Ткаченко, шеф на градската воена администрација, изјави дека нападот бил насочен кон десетици локации во Киев, вклучувајќи и образовна институција.
„Во вчерашниот руски напад, погодени се 27 локации, имаме 6 загинита и 52 повредени“ брифираше Ткаченко
Рекорден број на дронови
Украинските вооружени сили информираа дека Русија употребила 1.292 беспилотни летала натоварени со експлозив, што претставува еден од најмасовните напади досега.



