Чудото на Света Петка: Душко Трајчев од Облешево преспал во манстирот во Видовиште и се измил со водата по што проодил
08/08/2025 9:58
Душко Трајчев од село Облешево од детството се соочувал со тежок здравствен предизвик – по само една година одење, ја изгубил способноста да оди и поголем дел од животот го поминал ползејќи. Неговото семејство го носело на многу болници и кај бројни лекари, но лек немало.
Сѐ се променило кога неговиот татко го однел во манастирот Света Петка во село Видовиште. Таму преноќил, а следното утро се измил со лековитата вода од изворот во дворот на црквата.
„Дојдовме тука и ме оставија кај олтарот да поспијам малку. Сабајлето ме однесоа на водата Света Петка, ми ги измија нозете и ме вратија назад. Тогаш застанав на нозе и се фатив на оро“ – раскажува Трајчев.
Од тој ден, Душко ја пренесува својата приказна на секого, уверувајќи дека ова свето место има исцелителна моќ. Тој упатил многу луѓе со надеж да најдат лек токму во оваа црква.
„Довел сум и други луѓе овде, бидејќи јас овде најдов лек. Дај боже сите што се немоќни да најдат излекување“ – вели Трајчев.
Вчера, манастирот Света Петка беше посетена од голем број верници кои запалија свеќи и се помолија за здравје и среќа.






