MKinformer

your daily dose of news

Јакимовски: Карпош и Скопје без базен и аква парк, ова ВМРО-ДПМНЕ не може да го одржува она што Груевски им го направи

10/08/2025 12:56

Градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ го посети спортскиот центар „Борис Трајковски“ и го изрази своето незадоволство поради затворениот базен и неспособноста на актуелната власт да го санира кровот на базенот како и запуштеноста на аква паркот кој веќе второ лето откако е ВМРО-ДПМНЕ на власт не е пуштен во употреба и е оставен да скапува.

Карпошани, освежете се… во Пробиштип! ❌🌞
Второ лето по ред – немаме базени во Карпош. Пред два дена бев кај базенот во Карпош 4, до салата „Партизан“ – заклучен 🚪, тишина и празнина.
Денеска ги проверив аква паркот и базенот при „Борис Трајковски“ – затворени! ❌ А околу нив – тревата до колена 🌿, отпад насекаде 🗑️.
Граѓаните? Нека тераат до Пробиштип за да се разладат. 🤦‍♂️
👏 Браво ВМРО-ДПМНЕ! Вистински успех – да не можете да одржувате ни она што Груевски ви го изгради.
Еклатантен пример за владеење: 💤 неработа, запуштеност и целосна негрижа за граѓаните.

Карпош заслужува базени и спортски објекти, а не запуштени споменици на вашата неспособност.

error: Содржината е заштитена од копирање !!