Јакимовски: Карпош и Скопје без базен и аква парк, ова ВМРО-ДПМНЕ не може да го одржува она што Груевски им го направи
10/08/2025 12:56
Градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ го посети спортскиот центар „Борис Трајковски“ и го изрази своето незадоволство поради затворениот базен и неспособноста на актуелната власт да го санира кровот на базенот како и запуштеноста на аква паркот кој веќе второ лето откако е ВМРО-ДПМНЕ на власт не е пуштен во употреба и е оставен да скапува.
Карпошани, освежете се… во Пробиштип! 

Второ лето по ред – немаме базени во Карпош. Пред два дена бев кај базенот во Карпош 4, до салата „Партизан“ – заклучен
, тишина и празнина.
Денеска ги проверив аква паркот и базенот при „Борис Трајковски“ – затворени!
А околу нив – тревата до колена
, отпад насекаде
.
Граѓаните? Нека тераат до Пробиштип за да се разладат. 
Еклатантен пример за владеење:
неработа, запуштеност и целосна негрижа за граѓаните.
Карпош заслужува базени и спортски објекти, а не запуштени споменици на вашата неспособност.





