MKinformer

your daily dose of news

Поранешната прва антикорупцинерка, Билјана Ивановска ќе биде независна кандидатка за градоначалничка на Општина Центар

14/08/2025 8:30

Граѓанските иницијативи од Платформата „Независни заедно“, ја имаат честа да ја претстават истакната борка за правда и антикорпуционерка и една од најреспектабилните јавни личности, Билјана Ивановска, како независна кандидатка за градоначалничка за Општина Центар, информираа денеска од „Шанса за Центар“ преку својот Фејсбук профил.

Ивановска е поддржана од иницијативите „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и граѓанската иницијатива „Групација 398“.

Ивановска утре ќе одржи прес-конференција за објавување на својата кандидатура на просторот пред фонтаната Лотус на влезот во Градски Парк во 09:30 часот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!