MKinformer

your daily dose of news

Лажна дојава за бомба во авион Скопје–Анталија: Отворена истрага за тероризам

21/08/2025 9:26

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ГОКК) покрена истрага против лице осомничено за кривично дело тероризам, поради лажна закана за поставена бомба во авион кој летал на релација Скопје–Анталија на 16 август.

По приемот на повикот преку бројот за итни случаи 192, веднаш биле активирани антитерористичките протоколи. Извршена е темелна, повеќечасовна проверка со која било потврдено дека заканата е лажна. Инцидентот предизвикал сериозен страв кај патниците и значително го нарушил редовниот воздушен сообраќај.

За осомничениот е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

error: Содржината е заштитена од копирање !!