MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО)Се запали американски воен брод на јапонското крајбрежје, двајца повредени

21/08/2025 10:30

На американскиот амфибиски транспортен брод „УСС Њу Орлеанс“, закотвен во близина на јапонскиот остров Окинава, избувна пожар кој траеше 12 часа. Во инцидентот двајца морнари се здобиле со полесни повреди и веднаш биле згрижени од медицинските служби на бродот, потврди 7. флота на американската морнарица во Јапонија, пренесува CNN.

Пожарот започнал вчера околу 16 часот по локално време и бил целосно изгаснат во раните утрински часови денеска. Јапонската крајбрежна стража, која активно учествуваше во интервенцијата, соопшти дека напорите за гаснење продолжиле до 9 часот наутро.

„УСС Њу Орлеанс“ превезува повеќе од 360 морнари и има капацитет за 800 војници. За време на пожарот, бродот бил закотвен во поморската база Вајт Бич – стратешка точка за распоредување на американските маринци и воена опрема.

Во акцијата за гаснење помогнал и бродот „УСС Сан Диего“, кој се наоѓал во истата база. Поддршка дале и Јапонската крајбрежна стража, Јапонските поморски сили за самоодбрана, како и други единици на американската морнарица во Окинава. Снимките од НХК прикажуваат реморкери како истураат вода врз бродот за да го спречат ширењето на огнот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!