MKinformer

your daily dose of news

Тешко повредени две малолетнички во сообраќајка на Капиштец – возачот избегал

22/08/2025 15:39

Во скопски Капиштец се случи тешка сообраќајна несреќа во која возач на патничко возило марка „Фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички удрил две малолетнички кои се движеле со електричен тротинет, по што веднаш го напуштил местото на несреќата.

Во инцидентот, кој се случил на 21 август 2025 околу 14:30 часот на улица „Васил Ѓорѓов“, 13-годишната девојка е тешко повредена, а нејзината 12-годишна сопатничка се здобила со полесни повреди. Двете веднаш биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје, а веднаш по несреќата е распишана телеграма за трагање по возачот и возилото. Полицијата презема интензивни мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!