Прво удрил во нивното возило, а потоа ги прегазил и нив додека стоеле во близина
15/11/2025 10:20
Вчера околу 18:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на регионалниот пат Скопје–Куманово, во близина на селото Арачиново, се случила тешка сообраќајна несреќа.
Патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од Н.Б. (29) од Арачиново, удрило во паркирано возило „Фолксваген Вента“, сопственост на Н.С. (38). По ударот, возилото продолжило и налетало врз пешаците:
-
Џ.К. (30),
-
А.С. (35) и
-
тригодишно дете, сите од Арачиново.
Според информациите, А.С. се здобила со тешки телесни повреди, додека Џ.К. и тригодишното дете добиле телесни повреди. Повредите им биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Екипа од СВР Скопје извршила целосен увид на местото на несреќата и се работи на расчистување на случајот.






