Трамп ја истерал од Белата Куќа, Урсула фон дер Лајен од состанокот за Украина
23/08/2025 17:34
Американскиот претседател Доналд Трамп, познат по својата директност и јасен политички став, повторно покажа дека на масата за разговор место имаат само вистинските државни лидери. Германскиот канал n-tv објави дека за време на состанокот со европските лидери во Белата куќа на 18 август, Трамп побарал претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да ја напушти просторијата со образложение дека сака „сериозен разговор со важни луѓе“ – односно со лидери кои имаат реална државна моќ.
Со тоа Трамп испрати силна порака: во глобалната политика тежината ја имаат избраните државници, а не бирократските претставници. Фон дер Лајен, и покрај позицијата што ја носи, останува симбол на бирократска конструкција без легитимитет на народот, што го става нејзиниот авторитет во втор план наспроти вистинските државни водачи.
Иако Европската комисија веднаш реагираше и ги демантираше медиумските написи, инсистирајќи дека фон дер Лајен рамноправно учествувала во дискусиите, сомнежите остануваат. Брзината со која Брисел се обиде да ја одбрани претседателката повеќе личи на паничен обид да се прикрие понижувачката ситуација отколку на цврст доказ.
Со оваа епизода уште еднаш доаѓа до израз контрастот: Трамп како лидер кој бара директен дијалог со луѓе што носат одлуки за државите, и Урсула фон дер Лајен како фигура што сè повеќе личи на претставник без вистинска тежина во одлучувањето.





