MKinformer

your daily dose of news

Од Јусменов Рид ќе се вадат 15.000 кубни метри Гранит за браната на Отиња – безбедноста и транспарентноста под знак прашалник

24/08/2025 13:02

Кај локалитетот Јусменов Рид, во близина на Штип, беше изведено масовно минирање со околу 10 тони експлозив, од каде се очекува да се обезбедат над 15.000 кубни метри гранит за изградбата на насипот на браната на реката Отиња. Процесот се реализираше во координација со Министерството за транспорт, Министерството за внатрешни работи и под надзор на Градежниот институт на Македонија.

Иако надлежните уверуваат дека минирањето е спроведено според пропишаните стандарди, загриженоста кај населението расте. Граѓаните се прашуваат колку е безбедно користењето толкава количина експлозив во близина на населени објекти и дали во случај на штета ќе има обесштетување.

Изведувачот „Стентон градба“ од Битола не ја исклучува можноста за уште едно минирање до крајот на годината, што дополнително ја засилува неизвесноста кај локалното население.

Браната, која треба да има капацитет од 3 милиони кубни метри вода и чини околу 8 милиони евра, според плановите би била завршена во 2027 година. Но, останува впечатокот дека јавноста добива повеќе формални извештаи отколку јасни одговори за ризиците и вистинската цена на проектот – не само финансиска, туку и еколошка и социјална.

error: Содржината е заштитена од копирање !!