MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО)РАМА РУШИ ДИВОИЗГРАДЕНИ ХАЦИЕНДИ ВО ДРАЧ, КАЈ НАС СЕ ЌУТИ

25/08/2025 18:50

Албанскиот премиер Еди Рама најави продолжување на решителната борба против дивоградбите, истакнувајќи дека рушењето на илегалните објекти не е еднократна акција, туку долготраен процес кој ќе трае сè додека оваа појава не биде искоренета.

Во следните денови ќе биде воведен нов пакет мерки со кој ќе се зајакне ударната моќ на законот. Целта е јасна: крај на неказнивоста и одговорност не само за оние што незаконски градат, туку и за сите кои ги заштитувале дивоградбите преку мито и корупција – во инспекторатите, полицијата и на локално ниво.

Денешната акција беше спроведена на ’ртот Родонит во општина Драч, каде што природно богатство било узурпирано и претворено во приватен извор на профит преку дивоградби. Наместо граѓаните и туристите да уживаат во чиста природа, просторот бил злоупотребен за бизнис интереси.

„Ова повеќе нема да се дозволи. Борбата ја водиме за ред, закон, заштита на природата и јавниот интерес – за иднина изградена врз почитување на правилата, а не врз корупција и беззаконие,“ порача Рама.

Со силна порака до јавноста тој додаде:
„Доста беше! Албанија нема да биде талац на дивоградби и митаџии!“

error: Содржината е заштитена од копирање !!