MKinformer

your daily dose of news

Независен кандидат за градоначалник на Скопје: Проф. д-р Горан Марковски

26/08/2025 11:59

Граѓанската платформа „Независни заедно“ утре ќе го промовира независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје – Проф. д-р Горан Марковски, актуелен декан на Градежниот факултет и еден од најистакнатите експерти во својата област.

Марковски е промовиран како кандидат кој ќе се залага за безбедно и функционално Скопје, предводено од стручни лица со визија и лидерство насочено кон граѓаните.

Кандидатурата е поддржана од платформата „Независни заедно“, составена од организации и иницијативи како „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“.
Во платформата не се спомнати „Зелен хуман град“, дали тоа значи дека не се дел од поддршката на Марковски?

Од платформата најавуваат дека оваа иницијатива е дел од пошироко движење кое има цел да ја врати довербата во институциите и да покаже дека промените се можни кога заедницата е обединета.

error: Содржината е заштитена од копирање !!