MKinformer

your daily dose of news

СДСМ објави кандидати за градоначалници во 11 општини за локалните избори

27/08/2025 20:32

Извршниот одбор (ИО) на СДСМ денеска на седница даде согласност за нови кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата за претстојните локални избори.

Според одлуката, кандидати за градоначалници ќе бидат:

  • Оливера Ливриниќ – општина Бутел

  • Маја Хеско – Велес

  • Миле Атанасов – Гевгелија

  • Дејан Глинџарски – Делчево

  • Лазар Петров – Демир Капија

  • Благој Илиев – општина Конче

  • Влатко Спировски – Кратово

  • Игор Каравиловски – Кривогаштани

  • Ивица Стојковски – Македонски Брод

  • Даниел Крстевски – Ранковце

  • Далибор Трајковски – Старо Нагоричане

Од партијата порачаа дека со оваа одлука СДСМ ја потврдува својата подготвеност да понуди силни, чесни и докажани кандидати, кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредок на општините.

error: Содржината е заштитена од копирање !!