MKinformer

your daily dose of news

Детеали за убиството пред казиното во Кавадарци

28/08/2025 9:03

Основното јавно обвинителство во Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица осомничени за кривично дело Тешка телесна повреда со смртни последици, согласно член 131 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените – двајца на возраст од 27 години и еден 35-годишник – на 27 август околу 5 часот наутро имале вербална расправија со оштетениот во казино во Кавадарци.

По расправијата, тие излегле надвор и физички го нападнале, нанесувајќи му удари со боксови и клоци по телото и главата. Жртвата се обидела да се врати во казиното, но изгубила свест. Од ударите добил повеќе тешки телесни повреди од кои починал.

Во текот на истражната постапка ќе се прибираат сите релевантни докази, како и психијатриско вештачење на осомничените. Доколку се утврди дека постоела свест и намера да го лишат од живот оштетениот, можно е делото да биде преквалификувано во убиство.

Јавниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, имајќи ја предвид опасноста од бегство. Според Обвинителството, тоа го потврдува нивното однесување по настанот – наместо да се пријават во полиција, тие се оддалечиле од местото на кривичното дело и заминале во стан на еден од нив.

Обвинителството оцени дека притворот е неопходен за непречено водење на постапката и обезбедување на сите докази.

error: Содржината е заштитена од копирање !!