MKinformer

your daily dose of news

Крвнички ја претепал бремената сопруга, откако изгубила свест со ладна вода ја освестил и продолжил да ја тепа

21/02/2026 16:56

Основно јавно обвинителство Свети Николе поднесе обвинение против 21-годишен жител на Свети Николе поради сомнение дека извршил кривични дела телесна повреда при семејно насилство и противправно лишување од слобода.

Според обвинението, осомничениот на 19 и 20 февруари во семејната куќа ја нападнал својата бремена партнерка со која живеел во заедница. Тој најпрво ја навредувал, по што започнал физички да ја удира.

Кога оштетената изгубила свест, ја однел во бањата и ја освестил со ладна вода, а потоа продолжил со насилството, влечејќи ја за коса и нанесувајќи ѝ удари по главата и телото.

Од нанесените удари таа се здобила со повеќе телесни повреди. Кога се обидела да избега, обвинетиот ѝ го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба, каде што ја задржал околу 15 часа спротивно на нејзината волја.

Јавниот обвинител, покрај обвинението, предложил и определување мерка притвор за осомничениот.

Во тек се и дополнителни проверки во врска со други можни злоупотреби кон истата оштетена, за кои таа дала исказ пред надлежниот обвинител.

error: Содржината е заштитена од копирање !!