Вардариште им пречи на сите, ама на протест едвај 300 луѓе
03/09/2025 20:31
Во општина Аеродром денеска започна најавениот протест против загадувањето што доаѓа од поранешната депонија Вардариште. Иако жителите со години се жалат на неподнослива миризба и загаден воздух кој, според нив, го загрозува здравјето, одѕивот на протестот беше разочарувачки, од цела населба со над 100.000 жители, на улица излегоа едвај 200 до 300 луѓе.

Организаторите, и покрај слабата бројка, порачаа дека нема да се повлечат и ќе продолжат со протести сè додека институциите не преземат мерки за трајно решавање на проблемот. Тие најавија дека протестите ќе продолжат и во наредните денови, очекувајќи поголема поддршка од граѓаните.

Сепак, денешниот одѕив отвори прашање, дали навистина жителите на Аеродром се подготвени за сериозна борба против загадувањето, или проблемот ќе остане тема само за локалните избори, социјалните мрежи и спорадични муабети пред кооперација?






