MKinformer

your daily dose of news

18-годишник вперил пиштол по физичка пресметка пред локал во Скопје

08/09/2025 13:02

(07.09.2025) во 00:20 часот во Скопје, пред угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.К. (18).

Според пријавеното, пред угостителскиот објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.К. и М.З. (20) и А.И. (19), двајцата од Скопје.

Во одделен случај, пред истиот угостителски објект повторно дошло до физичка пресметка помеѓу М.К. од една страна и А.И. и С.Х.А. (21) од друга страна. Во текот на пресметката, М.К. извадил пиштол и го вперил кон нив, но бил совладан од обезбедувањето на локалот и оружјето му било одземено.

error: Содржината е заштитена од копирање !!