Инцидент во Ѓорче: Двајца прилепчани почнале да се караат од паркингот, па се степале во ходникот од зградата
08/09/2025 18:53
Недоразбирање околу паркинг простор, резултирал со физичка пресметка меѓу двајца прилепчани во скопски Ѓорче Петров.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (07.09.2025) во 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во ходник од зграда на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ј.(57) од Скопје и А.П.(34) од Прилеп, со престој во Скопје.


![Се скарале за сообраќај, па се степале на паркинг на Бит Пазар policija-mvr[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mvr1.png)



