Метеоролозите најавуваат дожд, грмежи и град во повеќе региони на Македонија
09/09/2025 9:34
Под влијание на нова фронтална долина со поладен воздух, која од северозапад преку Алпите ќе се спушти кон Балканот, во четврток (11 септември) се очекува дестабилизација на атмосферата во Република Македонија.
Според метеоролозите, ќе се формираат влажни фронтални бранови кои ќе предизвикуваат развој на грмотевични облаци. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално условите ќе бидат за краткотрајно невреме со обилен дожд, силен ветер, електрични празнења и можност за појава на град.
Слична нестабилност се очекува и во Скопскиот регион, каде што во текот на денот се можни врнежи придружени со грмежи и пороен дожд.
Температурите ќе се движат меѓу 26 и 33 степени, додека во Скопје и околината максималната температура ќе достигне околу 30 степени.





