MKinformer

your daily dose of news

Ангелов ги чека изборите, граѓаните се гушат во чад

10/09/2025 13:55

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, даде изјава за јавноста во врска со пожарите во депониите „Дрисла“ и „Вардариште“, но на крај на изјавата повторно предизвика револт. Наместо да бара итни решенија за еколошките катастрофи што ги предизвикуваат депониите Дрисла и Вардариште, тој целата одговорност ја префрли на идните градоначалници на Скопје и Гази Баба, кои допрва треба да бидат избрани во ноември.

Со ваквиот став, Ангелов практично порача дека актуелните градоначалници немаат обврска да ја сработат својата работа во преостанатите два месеца од мандатот. Граѓаните, кои секојдневно дишат чад и токсични испарувања, остануваат оставени на милост и немилост, бидејќи за институциите, изгледа, загадувањето може да почека до избори.

Овој пристап отвора сериозни прашања: дали функциите се извршуваат само кога е политички згодно? Дали Ангелов со намера го амнестира актуелното локално раководство, или едноставно покажува дека државниот апарат не чувствува обврска кон јавниот интерес?

Додека Скопје се дави во смог и чад, државните институции си ја префрлаат топката, а одговорноста се одложува. Очигледно, за Ангелов и за дел од власта, здравјето на граѓаните е помалку важно од изборниот календар.

error: Содржината е заштитена од копирање !!