MKinformer

your daily dose of news

ВМРО-ДПМНЕ се одлучи за Бети Стаменковска-Трајкоска за кандидат за градоначалник на Кисела Вода

11/09/2025 9:55

ВМРО-ДПМНЕ синоќа објави нови кандидати за градоначалници во шест општини низ државата. Во Кисела Вода, кандидатка на партијата е пратеничката Бети Стаменковска-Трајкоска, додека во Кочани партијата ќе застане зад натпартискиот кандидат, доктор Влатко Грозданов.

Во Старо Нагоричане кандидат ќе биде Мирослав Славковски, во Дојран – Илија Пендов, во Долнени – Сашко Велјановски, а во Ранковце – Даниел Павловски.

Членката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, истакна дека сите кандидати биле избрани транспарентно и дека воделе убедливо на внатрепартиските анализи.

Во своето видео-обраќање, Бети Стаменковска-Трајковска изјави дека оваа номинација за неа претставува голема доверба и обврска. Таа му се заблагодари на досегашниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски за високите стандарди што ги поставил и додаде дека ќе се залага да продолжат „добрите приказни“ во Кисела Вода.

„Подготвена сум да го вложам целото мое знаење, искуство и енергија за Кисела Вода да расте, да се развива и да остане општина во која сите гордо живееме,“ порача Стаменковска-Трајковска.

error: Содржината е заштитена од копирање !!