ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА: Регистриран утрово на исток од Центар Жупа со јачина од 3.8 степени
11/09/2025 9:16Информации од сеизмолошките центри
Утрово во Македонија е регистриран земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Центарот наведува дека потресот се случил во 06:35 часот, на 16 километри источно од Центар Жупа.
Епицентарот бил на приближна длабочина од 15 километри под земјината површина.






