Токсикологот Чибишев предупредува: Чадот од пожарот во Трубарево е токсичен, најризични се децата, бремените жени и хронично болните
14/09/2025 10:26
По големиот пожар во фабриката за електронски отпад во Трубарево, токсикологот д-р Андон Чибишев предупреди дека инцидентот може да има сериозни последици по здравјето на граѓаните.
„При горење на електронски отпад се ослободуваат огромни количини на екстремно токсични гасови, меѓу кои јаглероден моноксид, јаглероден диоксид, флуороводород, како и пареи од тешки метали – олово, жива, кадмиум и арсен,“ објави Чибишев на својот Фејсбук профил.
Тој потенцира дека најранливи категории се децата, бремените жени и лицата со хронични заболувања, вклучително срцеви, белодробни и малигни болести.
Како мерки за заштита, токсикологот препорача:
-
затворање на прозорците во домовите,
-
избегнување на излегување надвор без потреба,
-
користење прочистувачи на воздух со максимален капацитет.



![Дoнeceни нoви мepки пo нajaвaтa зa тoплoтeн бpaн – oвиe кaтeгopии лицa ce ocлoбoдyвaaт oд paбoтa oд yтpe toplo-vremeeeee-650x396[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/toplo-vremeeeee-650x3961-1.jpg)


