Локализиран пожар кај Аквадуктот: Ангелов со брза реакција и информации за јавноста
21/09/2025 18:28
Пожарот што денес попладне избувна во близина на римскиот аквадукт кај Скопје е локализиран и ставен под целосна контрола, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Горела ниска вегетација, грмушки и значителна количина расфрлано ѓубре.
На терен веднаш интервенирале екипите на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со три возила и девет пожарникари, кои со навремена акција спречија поголеми штети.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, ја информираше јавноста за ситуацијата, истакнувајќи дека пожарникарите се соочиле и со одредени пречки при гаснењето. Дел од дивите жители во околината од „една националност“ како што пишува директорот, го попречувале нивниот пристап, поради што била побарана полициска асистенција за непречено одвивање на интервенцијата.
„Во моментов пожарот е под целосна контрола и очекувам многу скоро да биде целосно изгаснат“, изјави Ангелов, нагласувајќи ја брзата реакција и координација на институциите.
Со оваа интервенција уште еднаш се потврди значењето на брзата организација и професионалната работа на пожарникарите и службите за заштита и спасување.




![Состојба со пожарите за 24/25.07.2025 до 08:00 часот, активни 7 пожари pozarnikari-obuka[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/pozarnikari-obuka1.jpg)

