MKinformer

your daily dose of news

Македонското друштво „Илинден“-Тирана со честитка до новата министерка Спиропали

22/09/2025 11:22

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, во име на македонското национално малцинство во Албанија, упати искрени честитки до Елиса Спиропали по повод нејзиниот избор за нова министерка за Европа и надворешни работи.

Во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај, се истакнува дека македонското малцинство во Албанија со голема доверба и надеж го поздравува именувањето на Спиропали, уверено во нејзиниот успешен мандат.

„Дозволете ми, во име на Македонското друштво ‘Илинден’-Тирана, во мое лично име, како и во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, да ви го честитаме изборот и да ви посакаме успех. Македонското малцинство во Албанија ве поддржува безрезервно и верува во вашиот успех“, стои во честитката.

Дополнително, од друштвото изразија очекување дека под водство на Спиропали, Министерството за Европа и надворешни работи ќе придонесе за унапредување на правата и положбата на македонското национално малцинство во Албанија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!