MKinformer

your daily dose of news

Со перница и тупаници – снаа се обидела да ја задуши бабата на сопругот во Ѓорче Петров

24/09/2025 21:45

Скопското Обвинителство отвори истрага против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство. Настанот се случил пред два дена во дом на улицата „Борис Бојаџиски“ во населбата Ѓорче Петров, каде што таа живеела во семејна заедница со сопругот и неговата баба.

Според Обвинителството, додека 86-годишната жена одмарала, снаата ја заклучила собата, ја нападнала, седнала врз неа и со перница се обидела да ја задуши, удирајќи ја и со тупаници по главата. Кога помислила дека ја убила, му признала на сопругот, кој веднаш повикал полиција.

Жртвата била пренесена во болница со повреди на главата и вилицата, како и повеќе хематоми. Надлежните поднесоа предлог за определување притвор за осомничената.

error: Содржината е заштитена од копирање !!