MKinformer

your daily dose of news

Облачно со сончеви периоди, можна појава на дожд во попладневните часови

25/09/2025 9:04

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови се очекува услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, главно изолирано. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималните температури ќе се движат во интервал од 22 до 30 °C.

📍 Скопје: Променливо облачно со сончеви интервали, слаб до умерен јужен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 30 °C.

Утре времето ќе биде посвежо и нестабилно, со повеќе облачност и појава на локален пороен дожд и грмежи. На одделни места врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, а дневните температури ќе се искачат до 24 °C.

error: Содржината е заштитена од копирање !!