Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне услови за дожд и грмежи
15/05/2026 8:17
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На повеќе места ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се движи од 6 до 12 степени. Максималната дневна температура ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во делови од котлината попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 8 степени, а дневната ќе достигне до 24 степени.
Следува период на нестабилно време
Во наредните денови времето ќе остане променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе се создава нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во сабота се очекуваат поинтензивни процеси. Можно е невреме со пообилен пороен дожд, над 20 литри на метар квадратен, грмежи, засилен до силен ветер со брзина над 70 километри на час и услови за појава на град.
Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

![Променливо облачно време, попладне можен пороен дожд и грмежи promenlivo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/promenlivo1.jpg)



