MKinformer

your daily dose of news

И Град Скопје поднесе пријава против ЈП „Комунална хигиена“

26/09/2025 11:32

Град Скопје се приклучи на иницијативата на Општина Аеродром и поднесе кривична пријава против Јулијана Спировска од ВМРО-ДПМНЕ, претседателка на Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Спировска се товари за загрозување на животната средина и за повеќегодишно нефункционирање на претпријатието.

Според образложението од Град Скопје, од 2022 година досега е утврдено дека поради активностите и, како што велат, политички мотивираните опструкции на Спировска, претпријатието континуирано не ја врши својата основна задача – одржување на јавната чистота во главниот град.

„Ова не е само прашање на отпад, туку на достоинство, здравје и иднина на сите скопјани. За жал, на Јулијана Спировска, претседателка на Управниот одбор на ЈП ‘Комунална хигиена’, очигледно не ѝ е грижа за овие вредности,“ велат од Град Скопје.

Пријавата е поднесена до Основното јавно обвинителство – Скопје, кое треба да го оцени случајот и да одлучи за понатамошните чекори.

error: Содржината е заштитена од копирање !!